Екипата на Еурофарм Пелистер ќе биде единствениот претставник на Македон ија во групната фаза на Европската лига на ЕХФ.
Во пресрет на утрешната ждрепка за групите во второто по ранг натпреварување на ЕХФ, пелистерци се сместени во вториот шешир. Тоа би значело дека нема да може да играат против Савехов, Винтертур и Чеховски Медведи, а ќе налетаат на еден од Магдебург, Бидасоа,Татабања или Нант на Кирил Лазаров кои се во првиот шешир.
Шешир 1: Магдебург (Германија), Нант (Франција), Бидасоа Ирун (Шпанија), Татабања (Унгарија)
Шешир 2: Савехоф (Шведска), Еурофарм Пелистер (Македонија), Винтертур (Швајцарија), Чеховски медведи (Русија)
Шешир 3: Горење (Словенија), АЕК Атина (Грција), Татран Прешов (Словачка), Кокс (Финска).
Шешир 4: Фуксе Берлин (Германија), Екс Прованс (Франција), Лемго (Германија), Спортинг (Португалија)
Шешир 5: Ним (Франција), Висла Плок (Полска), ГОГ Гудме (Данска), Бенфика (Португалија)
Шешир 6: Нексе Нашице (Хрватска), Натурхаус Ла Риоха (Шпанија), Кадетен Шафхаузен (Швајцарија), Тулуз (Франција)
Ждрепката ќе се одржи в четврток со почеток од 11:00 часот во просториите на ЕХФ во Виена. Стартот на Европската лига е планиран за 19 октомври, со дуелите од првото коло.