среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Еурофарм Пелистер поразен од Партизан на гостувањето во Белград

Еурофарм Пелистер поразен од Партизан на гостувањето во Белград

Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер синоќа претрпе минимален пораз од Партизан од 31-30 (18-11) на гостувањето во Белград во рамки на подготовките за новата сезона во која битолскиот клуб ќе дебитира во Лигата на шампиони.

Македонскиот шампион заминува за Добој, следната недела го очекува настап на престижниот ракометен ТВ турнир.

Битолскиот состав е во фаза на подготовки за стартот на новата сезона во македонската Суперлига и дебито во Лигата на шампиони.

Првиот предизвик во елитното европско клупско натпреварување за Еурофарм Пелистер е на 13 септември кога во Битола ќе гостува данскиот шампион Колштад.