Еурофарм Пелистер немаше сили да се спротистави на фаворизираниот гостински тим на Колстад и загуби на дуелот во Битола со 22:31, во првото коло од ракометната Лига на шампиони.
Пелистер поведе со 1:0, а потоа следуваше фуриозна игра на Колстад и гостите со серија од 7:0 стигнаа до убедлива предност во 12 минута.
Во еден момент Норвешани водеа и со 12:4, а на полувреме резултатот беше 16:10 во корист на фаворизираните гости. Фуриозен беше стартот на Колстад и во вториот дел, кога со низа од три гола, стигнаа до највисоки во тој момент девет гола предност (19:10).
Потоа гостите само рутински го одработија второто полувреме и на крајот стигнаа до убедлива предност. Кај Пелистер најефикасен беше Радивојевиќ со 6 гола, а Лесјек имаше девет одбрани. Крилјата на Колстад, Олберг и Годјонсон беа незапирливи и постигнаа по девет погодоци.
За Пелситер ова беше прв меч во ракометната Лига на шампиони по пауза од 18 години, а покрај поразот, атмосферата на трибините беше одлична од познатите Чкембари.