Уште еден играч ќе го засили Еурофарм Пелистер koj објави дека двегодишен договор потпишал рускиот репрезентативец, Денис Василев. Актуелната сезона Василев ја мина во дресот на Мотор Запорожје.
„Еурофарм Пелистер ја известува јавноста дека потпиша перманентен договор со Денис Василев, руски репрезентативец и еден од најреспектабилните кружни напаѓачи на континентот. 28-годишниот Василев доаѓа во Битола на почетокот на следната сезона и веќе летово ќе му се стави на располагање на стручниот штаб на подготовките. Тој се обврза на двегодишен договор, заклучно со јуни 2024 година“, објави клубот од Битола.
Василев кариерата ја започнал во Динамо Астрахан, играл во Чеховски Медведи и во Шартр.