Гостувањето во Грција кај АЕК Атина донесе прва победа за битолски Еурофарм Пелистер од (27-30) во новата сезона од ЕХФ Европската лига.
Македонскиот претставник наметна свое темпо од самиот почеток и на крај успеа да стави крај на позитивната серија на противникот, кој победи на првите два меча во групата Д.
Јосип Периќ со осум гола го водеше битолскиот тим кон воведна победа. Кај домашниот тим Милонас и Цирас постигнаа по шест погодоци.
За една недела, Еурофарм Пелистер ќе биде домаќин на Татабања во „Боро Чурлевски“ во Битола.
Тоа ќе биде нова можност за избраниците на Жељко Бабиќ да запишат победа на европската сцена.