понеделник, 4. март 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Еурофарм Пелистер со првото засилување за наредната сезона

Еурофарм Пелистер со првото засилување за наредната сезона

Екипата на Еурофарм Пелистер почнува да влече потези на пазарот, па клубот денеска официјализираше засилување кое доаѓа од актуелниот дански шампион, ГОГ Гудме.

Се работи за 30-годишниот репрезентативец на Словенија, Нејц Цехте кој со македонскиот шампион потпиша едногодишен договор со можнос соработкаат да биде продолжена за уште една година.

Цехте беше договорен со Вардар претходнава кампања, но со оглед на тоа што „црвено-црните“ беа исфрлени од Лигата на Шампионите, Словенецот си замина и се пресели во ГОГ Гудме.Претходно има настапувано уште за Горење Велење и бундеслигашот Хановер.

Официјално во Битола треба да биде претставен на средината на месец јули