среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Еурофарм Пелистер убедливо ја совлада Слога на турнирот во Добој

Еурофарм Пелистер убедливо ја совлада Слога на турнирот во Добој

Денеска во својот втор натпревар на меѓународниот ракометен турнир во Добој во Босна и Херцеговина составот на Еурофарм Пелистер ја надигра екипата на Слога Добој со 39:24.

Новиот меч на овој турнир актуелниот македонски шампион ќе го има в четврток од 19.10 часот против францускиот Монпеље.

Потсетување дека на првиот меч од турнирот играчите на тренерот Александар Јовиќ загубија од Ал Ахли од Египет со 23:34.