Македонскиот ракометен тим Еурофарм Пелистер го објави планот за подготовките за натпреварувачката 2021/2022.
Стартот е закажан за 19 јули во Битола за да неколку денови подоцна се замине на подготвителен период во Маврово (23-30). Од 1 до 25 август пак ќе има пријателски и турнирски натпревари (Струга и СЕХА лига).
Сличен распоред има и вториот тим на Еурофарм Пелистер кој исто ќе ги запали „моторите“ на 19 јули, па ќе се замине во Маврово за да потоа одигра пријателски и турнирски натпревари.