Еурофарм Пелистер поразен се враќа од гостувањето во Унгарија кај Татабања, во меч од 9. коло на Европската лига. Битолчани загубија со 25:21 и сега има само теоретски шанси да стигне до првото место во групата.
Без Табоада, Велковски и Обрадовиќ во составот, сам играше Стипе Мандалиниќ, кој постигна 10 гола, а по три имаа Маџовски, Граѓан и Периќ. Кај противникот Сунајко постигна осум, Ѓор имаше седум од седум.
Е. Пелистер остана на 10 бода, но имаше среќа што Спортинг киксна во Атина и загуби од АЕК со 25-24, па не го престигна македонскиот тим. Во последното коло, идната недела, „пелистерци“ ќе имаат можност да го сочуваат второто место во групата Д на дуелот против АЕК во Битола.