По извршените детални медицински прегледи клубот за кој настапува нашиот ракометен репрезентативец Филип Кузмановски, Вецлар објави дека нашиот ракометар го очекува подолга пауза и станува збор за тешка повреда на ракометарот.
Лекарите констатирале дека Кузмановски има скинати лигаменти на десниот скочен зглоб и дека се уште не е познато колку долго ќе трае периодот на рехабилитација, но се чини дека сезоната за него е завршена.
Кузмановски се повреди на неделниот натпревар од квалификациите за Европското првенство против Турција во Скопје кога при еден обид да се упати удар кон голот на противникот се судри со противничките играчи и незгодно доскокна на подлогата по што мораше предвреме да го заврши настапот.