Македонскиот ракометен репрезентативец Филип Кузмановски ја смени клупската средина во Бундеслигата и премина од Хановер во Вецлар.
Откако успешно ги мина задолжителните медицински прегледи, 26-годишниот Кузмановски денеска со Вецлар потпиша договор за соработка до крајот на следната сезона.
Кузмановски доаѓа во Вецлар, каде дел од стручниот штаб е поранешниот македонски репрезентативец Филип Миркуловски, со задача да му помогне на клубот да избори опстанок во германското првенство.
Вецлар се наоѓа на 16. место на табелата во Бундеслигата, а дебито на Кузмановски е најавено за идната недела на гостувањето кај Фуксе Берлин во рамки на 20. коло. (МИА)