понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

ФОТО: Фитиљ го запре последниот удар на Германците

ФОТО: Фитиљ го запре последниот удар на Германците

Македонија оствари големо реми 25-25 против Европскиот шампион Германија, а голема улога во него имаа младите ракометари кои во иднина ќе ја имаат водечката улога во репрезентацијата. Еден од нив исто како и на минатиот натпревар против Црна Гора беше и Филип Кузмановски кој одигра уште еден добар натпревар.

Популарниот “Фитиљ” смета дека со тактиката 7 на 6 одлично им париравме на германците, и на крајот се испадна добро за нашата репрезентација.

” Не очекувавме дека ова ќе се случи, искрено, но требаше да веруваме во себе. Имавме многу промашени зицери во првото полувреме, но мислам дека ги изненадивме со одбраната 5-1, и нападот 7 на 6. Мислам дека одлично испадна бидејки немавме многу време да се подготвуваме за таа тактика, но на крај испадна како треба”.