Македонија неславно ги заврши првите три натпревари на ракометното Светско првенство. Три порази на три натпревари.
Но силната страна на мекедонското учество сигурно ќе остане публиката. Од трибините ракометарите добија поддршка од публика од сите генерации.
Најмалиот навивач кој од трибини ја бодреше Македонија има само 9 месеци!
Неговото име е Нико Трајкоски.
Ова слатко момче можеби нема да ги помни моментите кога бил сведок на натпреварите, но фотографиите сигурно ќе му бидат добар спомен.
КУРИР ЈА ОБЈАВУВА ФОТОГРАФИЈАТА ПО ДОБИЕНА СОГЛАСНОСТ ОД РОДИТЕЛИТЕ!