Ракометната федерација денес ги промовираше новите дресови со кои репрезентацијата ќе настапи на претстојното Светско првенство кое ќе се одржи месецов во Германија и Данска.
Промоцијата која на новиот дрес е под мотото „Со нов дрес до нови победи“.
Светското првенство ќе се игра во Берлин, Минхен,Келн, Хамбург, Хернинг и Копенхаген од 9-27 јануари наредната година. Во главната фаза, натпреварите ќе се играат во Келн и Хернинг, додека завршните натпревари се планирани за Хамбург и Хернинг.
Македонија е во Групата Б заедно со селекциите на Шпанија, Хрватска, Исланд, Бахреин и на Јапонија.