Македонските ракометари ја избришаа додавката Северна која стоеше пред Македонија на автоусот со кој се возат на Европското првенство (ЕП) во Австрија кое почна вчера.
Претходно тоа го стори македонскиот голман Борко Ристовски кога на подготовките во Словенија ја покри Северна пред името на нашата држава.
На автобусот кој што им е даден на користење на избраниците на селекторот Данило Брестовац, пишува North Macedonia, името кое го налага и ЕХФ, но ракометарите се сетија да ја покријат North ставајќи македонско знаме токму над додавката.
Сега на автобусот си пишува само Team Macedonia, како што беше случај на сите првенства досега.