вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

ФОТО: Руси ќе судат на натпреварот меѓу Македонија и Чешка

ФОТО: Руси ќе судат на натпреварот меѓу Македонија и Чешка

Европската куќа на ракометот  делегира судиска двојка од Русија, за натпреварот против Чешка кој избраниците на Гонзалез го играат во рамки на второто коло од Европското првенство во Хрватска.

Правдата на дуелот ќе ја делат Евгениј Зотин и Николај Володков.

Двајцата претходно судеа на натпреварот меѓу Хрватска и Белорусија, исто така во рамки на втората фаза на Европското првенство.