понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

ФОТО: Што напиша „Марка“ за вечерашниот дебакл на Македонија?

ФОТО: Што напиша „Марка“ за вечерашниот дебакл на Македонија?

Најтиражниот шпански спортски дневник во своето интернет издание на интересен начин ја одбележа победата на својата ракометна репрезентација против Македонија.

Избраниците на Жорди Рибера си поиграа со нашиот национален тим, а според зборовите на престижниот шпански весник „Марка“, ја вратија македонската репрезентација во реалноста.

“Шпанците ја вратија Македонија во реалноста”, го наслови Марка својот извештај.

По поразот од Данска во последното коло од групната фаза, Шпанците повторно им се вратија на победите и сега се насочуваат кон следниот противник на патот до полуфиналето, Словенија.