Франција е новиот европски шампион. Ракометарките на оваа земја во финалето ја совладаа Русија со 24-21 и сосема заслужено се радуваа на првиот залтен медал на Европските првенства.
Во центарот на вниманието беа екс-вардарките, Амандин Лејно беше одлична на голот, Алисон Пино играше до 36. минута по што заработи црвен картон и со солзи се пресели на трибините, не само што плачеше цел меч, продолжи и по завршувањето на финалето. Овој пат беа солзи радосници. Александра Лакрабер беше клучната ракометарка, во последните десет минути постигна три важни гола.