Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги одреди официјалните лица за натпреварите од петтото коло на групниот сегмент на Европската лига.
Следниот вторник, на шести декември од 20:45 часот, единствениот македонски претставник во Европа, Еурофарм Пелистер гостува во Шпанија против Бидасоа Ирун.
Натпреварот ќе го водат Карим и Рауф Гасми од Франција, а делегат на ЕХФ е Португалецот Антонио Гулао. Двете екипи имаат две победи и два порази во првите четири кола од второто по квалитет клупско натпреварување во Европа.