четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Франција е во следна фаза, први победи за Бразил, Црна Гора и Португалија

Франција е во следна фаза, први победи за Бразил, Црна Гора и Португалија

Фаворитите ги оправдаа очекувањата, Франција со победа се пласира во следната фаза, а за такво нешто во игра сега се Бразил, Црна Гора и Португалија.

„Триколорите“ очекувано ја надиграа Саудиска Арабија (41-23) и ја забележаа втората победа, по онаа стартната над Полска. Уште по првото полувреме беше јасен епилогот на овој дуел затоа што фаворитот имаше 24-14. Лидер кај стрелците беше Лене со осум гола, пред Мае и Турна со по шест гола. Кај Арапите, Ал Салем и Ал Абас погодија по пет пати, анализира ГОЛ.МК.

Португалците впишаа првенец против Јужна Кореја (32-24). Неизвесно беше само првото полувреме и дел од второто. Гомеш даде осум гола, пред Фернандеш со пет, а Калваканти погоди четири пати. Кај Корејците, Ли запиша четири гола.

Црна Гора го победи Иран на Веселин Вујовиќ во ефикасен меч (34-31). Дуото Вујовиќ го растажи Вујо – Милош постигна десет, а Бранко даде девет гола. Кај Иран, Садеги и Ораел стрелаа по седум пати.

Во јужноамериканската пресметка Бразил беше подобар од Уругвај (35-24). Хакбарт беше најдобар кај Бразилците со седум гола, пред Ториани со пет. Кај Уругвај, Капело стрелаше пет пати.

Извор: ГОЛ.МК