четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Франција покажа квалитет против Германија

Франција покажа квалитет против Германија

Ракометната репрезентација на Франција е последниот полуфиналист на Светското првенство (СП) кое се игра во Шведска и Полска, по победата над Германија од  (35-28) во европското дерби на шампионатот.

На паузата беше 16-16, резултатот беше близу до 20-20, а потоа Франција направи серија од 5-1 со која се одлепи на 25-21 и на противникот повеќе му немаше спас.

Дојдоа Германците во два наврати на два гола негатива, но искусна селекција како Франција која во последните 30 години само двапати не играла полуфинале на СП не дозволи кам-бек и шок за своите фанови.

Франција во полуфиналето на СП 2023 ќе игра против Шведска, додека второто полуфинале го сочинуваат Данска и Шпанија.