Франција со максимален учинок оди во четвртфиналето, како лидер во групата 1, благодарение на победата над Шпанија (26-28) во европската дерби-пресметка на Светското првенство (СП).
Првиот дел беше изедначен (13-13), а иако во еден момент Шпанците имаа „плус три“ (21-18), Франција во финишот се врати, па со серија од 0-3 дојде од победата.
Најдобри кај Франција беа Мае, Мем и Бриет со по четири гола, а кај Шпанија, Фернандез имаше седум погодоци, пред Сердио со четири гола.
Франција во четвртфиналето ќе игра со вториот од групата 3, Шпанија, пак, со лидерот. Тоа ќе бидат Норвешка или Германија.