четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Георгиевски: Доживеавме голем удар…, но ќе мора да се издигнеме над сето ова и да се пласираме на ЕП

Георгиевски: Доживеавме голем удар…, но ќе мора да се издигнеме над сето ова и да се пласираме на ЕП

Искусниот Гоце Георгиевски видно разочаран по новиот убедлив пораз на СП 2023 во Катар вели дека сето ова е последица на големите проблеми во играта со кои ракометарите не знаеле како да се справат…

„Имавме многу проблеми на ова светско првенство. Имавме проблеми и во одбраната, но и во нападот, проблеми со концетрацијата во игра, проблеми со меѓусебната комуникација во одбрана за да си помагаме еден на друг. Се се тоа фактори кои влијаат на играта, а едни вакви противници не простуваат такво нешто. Воопшто не одигравме онака како што игравме во квалификациите и пред овој турнир, ниту пак како што се договаравме пред натпреварите“ – вели Георгиевски.

По овој дебакл на шампионатот Македонија, сепак, ќе мора да се издигне над сето тоа и да обезбеди континуитет на настапите на големите натпреварувања…

„Ќе мора што побрзо да го заборавиме ова. Доживеавме голем удар, но мора да се издигнеме над сето тоа затоа што сега после настапот во разигрувањето на ова првенство не чекаат квалификации за ЕП и мора да обезбедиме ново учество на големо натпреварување. И секако верувам дека ќе успееме во тоа“ – вели Георгиевски.

извор: ekipa.mk