Македонската машка ракометна репрезентација гo имаше првиот собир во пресрет на подготовките за баражот со Романија.
Од утре ќе се стартува и со тренинзи, како подготовка пред првиот плејоф-дуел за пласман на Светското првенство во 2023 година. Романија е сериозен ривал, иако македонските ракометари важат за фаворити на хартија. Гоце Георгиевски можеби најдобро ги познава ривалите, со оглед дека своевремено беше на печалба токму во Романија.
„Романија е квалитетна репрезентација и сигурно дека нѐ очекува тежок двомеч. Мислам дека немавме среќа при ждребот, но, сепак, сме фаворити на хартија и тоа треба да го оправдаме со добра игра“, изјави десното крило, Гоце Георгиевски.