вторник, 21. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Георгиевски: Нашата цел е да победиме на секој меч

Георгиевски: Нашата цел е да победиме на секој меч

Македонскиот ракометен репрезентативец Гоце Георгиевски најави борба и остварување на целта,  а тоа се победи на преостанатите натпревари.

Одличен натпревар за нас.Ја заслуживме оваа победа бидејќи игравме одлично и во одбраната и во нападот. Наша цел е да победиме во преостанатите натпревари до крајот на СП. Следен противник за нас е Тунис за кој треба добро да се подготвиме и одиме на победа на тој натпревар– изјави Гоце Георгиевски.

Натпреварот против Тунис е на програмата во сабота со почеток од 18:00 часот.