сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Георгиевски: Ваква атмосфера не се купува со пари, само се доживува

Георгиевски: Ваква атмосфера не се купува со пари, само се доживува

Македонскиот ракометен репрезентативец Гоце Георгиевски јавно им се заблагодари на навивачката група „Комити“ за атмосферата која тие ја направија на дербито против Еурофарм Пелистер во кое Вардар запиша победа од 31-24.

„Победивме можам да кажам со неочекувана разлика, седум гола, но јас можам да бидам задоволен затоа што она кое го договоривме на тренинзите, во голем процент го исполнивме. Специјално во одбраната, затоа што игравме доста добро. Морам да напоменам дека атмосферата беше феноменална, ова не се купува со пари, може некој само да го доживее, неверојатно нешто беа нашите навивачи. Понесени од нив дадовме 120% од нашите сили и победивме. Кога ќе го погледнете играчкиот ростер меѓу двете екипи е различен. Кај нас повеќе сме базирани на поискусни македонски играчи, имаме многу вакви натпревари зад себе и тоа помогна во еден момент во оваа победа. Но, оваа заслуга е на сите во тимот“, изјави Георгиевски.