вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Германскиот великан е последната пречка кон Келн: Кој е Кил, противникот на Вардар денеска?

Германскиот великан е последната пречка кон Келн: Кој е Кил, противникот на Вардар денеска?

Европскиот шампион Вардар денеска игра со Кил за втор пласман на завршниот турнир од ракометната Лига на шампиони во Келн, откако лани на истото место го освои трофејот.

На првиот меч во „Шпаркасен Арена“ вардарци победија со еден разлика и на домашен терен имаат голема шанса да ја исполнат својата голема желба, пласман во најдобрите четири.

Противникот е Кил, со Барселона можеби најголемиот тим во историјата на ракометот, клуб кој тежи неверојатни 47 трофеи.

Тимот на Кил 20 пати бил шампион на Италиоја, германскиот куп го имаат освоено 10 пати, еден трофеј помалку имаат во германскиот супер куп, три пати биле освојувачи на Лигата на шампионите, во 2007, 2010 и 2012 година, додека пак четири пати имаат изгубено во финалето, во 2000, 2008, 2009 и 2014 година.

Три трофеи германскиот великан има и во ЕХФ купот и тоа во 1998, 2002 и 2004 година, еднаш го имаат освоено и Европскиот супер куп, во 2007 година, како и еден трофеј во Супер Глоуб, во 2011 година.

Кил е тим кој и сега има голем број одлични играчи во својот тим, но тоа беше вистински дрим тим во минатото. Таму играа Карабатиќ, Омејер, Јиха, Клајн и уште многу многу други.

Тие играат во „Шпаркасен Арена“, која собира скоро 11.000 гледачи, тренер на тимот во моментов е Алфред Гисласон, додека во тимот играат ракометари како Ландин, Дувњак, Винчек…

Пред Вардар е дуел со еден од најголемите ракометни колективи во историјата на ракометот, последна пречка пред пласманот во Келн.