четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Гидсел за Вујовиќ: Слушнав дека ме нарече мало глувче

Гидсел за Вујовиќ: Слушнав дека ме нарече мало глувче

Данскиот ракометен репрезентативец Матијас Гидсел се осврна на коментарот на Веселин Вујовиќ кој го нарече „мало глувче“.

Вујовиќ го критикуваше Гидсел за кој верува дека направил неспортски потег бидејќи не сакал да го прифати извинувањето на Домагој Дувњак по фаулот.

„Не ја прочитав изјавата, но го видов насловот дека сум мало глувче. Во принцип, мислам дека никаде не треба да коментирате. Тоа беше донекаде насилен коментар. Не сум воспитан да коментирам за такви луѓе во медиумите. Не сакам да коментирам затоа што нема смисла. Впрочем, целата приказна за мене и Дувњак нема смисла. Зборувавме, но не пред камерите и решивме се“, изјави Гидсел за данските медиуми.