четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Гисласон: Немавме доволно време да се подготвиме за Франција

Гисласон: Немавме доволно време да се подготвиме за Франција

Исланѓанецот на клупата на ракометната репрезентација на Германија, Алфред Гисласон честиташе на победата на Франција, но смета дека таа не е издвојувана само како резултат на подобриот квалитет на противникот, туку и поради лошиот распоред на турнирот.

,,Му честитам на противникот на заслужената победа, но тоа што ми смета посебно е распоредот на овој турнир. Голема разлика е да имате два дена одмор пред ваков значаен натпревар, отколку еден ден. Тоа беше многу значаен фактор”, изјави Гисласон.

Франција го играше последниот натпревар од главната фаза во недела, а Германија во понеделник по што наредниот ден отпатуваа во Гдањск.

,,Тоа ни направи големи проблеми бидејќи немавме време адекватно да се подготвиме за натпреварот. Во овој систем каде првенството се одржува во две држави не е можни сите да имаат исти услови, некој мора да трпи заради патувањата и тоа веќе не е фер. Тимот кој мора повеќе да патува и како резултат на тоа има помалку време за подготовки за следниот натпревар е значително хендикепиран.Франција имаше повеќе време и за одмор и за подготовки, а тоа е огромен фактор на вакви натпреварувања.Победата на Франција на теренот е заслужена, но факт е дека немавме подеднакви услови за подготовка на натпреварот”, заврши Гисласон.