сабота, 27. јануари 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Гисласон останува селектор на Германија

Гисласон останува селектор на Германија

Ракометната федерација на Германија ќе го продолжи договорот со актуелниот селектор на машката сениорска репрезентација Алфред Гисласон.

Иако стратегот од Исланд со своите избраници не успеа да обезбеди полуфинале на Светското првенство 2023, сепак, челниците од ракометната куќа од Германија се задоволни од неговата работа со националниот тим.

Германија на Мундијалот во Полска и Шведска настапи без неколку искусни играчи и против селекцијата на Норвешка ќе игра за 5 место на шампионатот.