ЖРК Ѓорче Петров е тимот што ќе му се спротивстави на Металург во куп-финалето во Кавадарци откако славеше во скопската пресметка со ЖРК Чаир со резултат 32-28.
Стојановска со седум и Николиќ и Василева со по пет гола беа најефикасни во победничкиот тим, додека Теодора Дукоска со десет погодоци беше најдобра ракометарка во редовите на Чаир.
Финалето на Купот на Македонија во женска конкуренција на програмата е утре со почеток во 17 часот.
Екипата на ЖРК Металург беше првиот финалист во Купот на Македонија, откако во драматично полуфинале преку пресврт славеше над фаворизираниот ЖРК Куманово со 21-25.