недела, 3. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Голем проблем за Веспрем: Се повреди Петар Ненадиќ, може да го пропушти и ЕП

Голем проблем за Веспрем: Се повреди Петар Ненадиќ, може да го пропушти и ЕП

Српскиот ракометар Петар Ненадиќ нема да игра повеќе во тековната година, поради сериозната повреда на задната ложа на ногата.

Ова го соопшти Веспрем, кој ќе мора да се бори на два фронта во наредните шест недели без еден од своите најдобри ракометари.

Се очекува 35-годишникот да се стави на располагање на Давид Дејвис во јануари. Претходно Дејан Манасков ја заврши сезоната, кој ги оштети страничните вкрстени лигаменти и ‘рскавицата на коленото.

Поради ова Ненадиќ може да не и биде на располагање ниту на Србија на Европското првенство во јануари.