петок, 15. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Голем удар пред полуфиналето: Мундијалот заврши за еден од најважните играчи на Шведска

Голем удар пред полуфиналето: Мундијалот заврши за еден од најважните играчи на Шведска

Шведската ракометна репрезентација рутински го победи Египет и оствари пласман во полуфиналето на Светското првенство, но таму ќе биде сериозно ослабена.

Утринава е потврдено дека Џим Готфридсон заработил фрактура на раката и за него овој мундијал е завршен.

Готфридсон ја заработи повредата уште во првото полувреме на вчерашниот дуел, по што остана на клупата, а доцните детални прегледи откриле скршеница.

Самиот Готфридсон ја потврди информацијата преку Инстаграм, оставајќи краток коментар:

– Го фрлам пешкирот овојпат, вознемирен, тажен и иритиран. Ви благодарам за поддршката, а сега да направиме се што можеме за да стигнеме до финалето, напишал шведскиот репрезентативец.

Шведска во утрешното полуфинале за противник ќе ја има Франција.