вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Големо изненадување во Вараждин: Се сплеткаа работите во групата со која вкрстува Македонија

Големо изненадување во Вараждин: Се сплеткаа работите во групата со која вкрстува Македонија

Селекцијата на Чешка им ги расипа плановите на ракометарите на Данска и со победа од 28-27 стигна до два исклучително значајни бода, со кои направи исчекор кон пласман во наредната фаза од Европското првенство (ЕП) во Хрватска.

Првото полувреме помина со подобра игра на репрезентацијата на Данска и блага предност од 16-15, но во второто полувреме се случи целосен пресврт и до некаде заслужена победа на Чешка со 28-27.

Најдобар стрелец во тимот на Чешка беше Здрахала со 8 постигнати погодоци. Јунак на вечерта, сепак, беше голманот Мартин Гала, кој имаше неверојатна одбрана во последните секунди од мечот со која спречи изедначување.