понеделник, 20. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Горан Кузманоски ќе го води РК Бутел

Горан Кузманоски ќе го води РК Бутел

Поранешниот македонски ракометен репрезентативец, Горан Кузманоски е назначен за нов тренер на РК Бутел Скопје.

Кузманоски во изминатиов период го водеше Скопје, претходно и Прилеп, а тренерската кариера ја започна да ја гради во Романија каде долго време настапуваше и како играч.

-Целта е пласман во плеј-оф, иако ќе имаме доста подмладена екипа со просек од 23 години. Ме радува и фактот што има младински репрезентативци, што чекор по чекор ќе бидат носители во првиот тим, -порача Кузманоски кој со македонскиот прволигаш договори двегодишна соработка.