четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Хрватите бесни по мечот со Данска

Хрватите бесни по мечот со Данска
Croatia vs Denmark, IHF 2023 Men's World Championship - POLAND, SWEDEN, Malmo, 19.01.2023, Mandatory Credit © Anze Malovrh / kolektiff

Хрватска одигра неверојатен натпревар против фаворитот Данска и ремизираше 32-32.  Сега во игра ќе биде теоријата за пласманот во четвртифинале на оваа селекција, а за хрватските ракометни легенди Петар Метличиќ и Горан Шпрем имаа остри реакции по мечот.

„Хрватска играше добро, направивме малку грешки. Заслуживме победа, но овие шпански судии се катастрофа. Па тие не ги знаат ниту основните ракометни правила. Гидсел? Никогаш нема да биде голем играч. Дувњак дојде да му пружи рака и да се извини, но за мене тој никогаш нема да биде голем играч. Имавме се за голем резултат, игра и 32 гола. Ландин беше расположен, нашите голмани исто. За големи резултати мора да имаме континуитет, не може да бираме – денеска сакаме, утре не сакаме“, вели Метличиќ.