Хрватската ракометна јавност беше разбранувана со писмото од ракометниот клуб ППД Загреб упатено до останатите клубови (со исклучок на Нексе) со барање за прекин на првенството, а денеска Хрватскиот ракометен сојуз (ХРС) донесе одлука за прекин на шампионатот во времетраење од еден и пол месец.
Со тоа ХРС го прифати барање на еден клуб, ППД Загреб, кој побара шампионатот да мирува додека играчите да се вакцинираат, а потоа од 19 мај до 30 јуни одново да се доигра шампионатот.