вторник, 26. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Хрватска победи убедливо против Бахреин, Србија ја совлада Холандија

Хрватска победи убедливо против Бахреин, Србија ја совлада Холандија

Репрезентацијата на Хрватска со 43:32 славеше над Бахреин во меч бркаа што е можно поубедлива победа. Со оваа победа Хрватска стигна до седум бодови колку што има и Данска која е пред нив, а вечерва игра против Египет.

Данска и Хрватска во меѓусебниот дуел ремизираа (32:32), а Данска е во предност затоа што има подобра гол разлика.

По четири одиграни меча Данска е на плус 39 голови, а Хрватска по пет средби има плус од 28 гола. Тоа значи дека Хрватска за да стигне до второто место во групата ќе мора да чека Египет да слави над Данска со 12 или повеќе голови.

Ќе им одговара и победа од 11 гола на Египет, но Данска не смее да даде повеќе од 26 погодоци на вечерашниот дуел.

Србија го освои третото место во својата група, откако со 32:30 славеше над Холандија. Во оваа група, Лалињата се четврти, а Аргентина која беше ривал на Македонија во првата фаза, заврши на петото место пред Катар. Вечерва Германија и Норвешка во меѓусебен дуел ќе решаваат за првото место во група.