петок, 17. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Хрватскиот селектор гестикулираше и даваше чудни изјави, Метличиќ побара итна оставка (ВИДЕО)

Хрватскиот селектор гестикулираше и даваше чудни изјави, Метличиќ побара итна оставка (ВИДЕО)

Ракометна Хрватска започна нов процес, и пак против селекторот Хрвоје Хорват. Младиот предводник на „каубоите“ им даде повод на критичарите и со своето однесување, кое во најмала рака е чудно.

Имено, по победата против Бахреин и потврдата дека Хрватска нема да игра четвртфинале, туку ќе заврши на деветтото место, Хорват за хрватската РТЛ телевизија праќаше срца и гестикулираше дека одговара на прашањата на новинарката.

Ваквото однесување на Хорват предизвика револт кај многу ракометни легенди, а најдиректен беше Петар Метличиќ.

„Како што ние велиме во Сплит: Цвеба, време е! И сите што те донесоа овде, време е. Селектор со вакво однесување.. Ќе се лутиме ако погрешил или не, што згрешил, но неговото однесување е неприфатливо“, рече вечерва легендарниот Метличиќ.