петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

ИХФ го потврди распоредот, познати новите саатници за Македонија на СП

ИХФ го потврди распоредот, познати новите саатници за Македонија на СП

Светската ракометна куќа (ИХФ) ги потврди промените во саатниците за претстојниот Мундијал. Иако Македонија требаше да настапи само во главниот вечерен термин, тоа нема да биде така, па предност добија домаќините и најквалитетните селекции на светот.

Македонија ќе тргне против Норвешка во „Таурон Арена“ во Полска, на 13 јануари во терминот од 20:30 часот. Тоа е единствен термин кој остана непроменет, бидејќи дуелите со Холандија на 15 јануари и Аргентина на 17 јануари се закажани во 18:00 часот.

Термините не менуваат премногу, па така Македонија ќе има само два ипол часа помалку за подготовка меѓу првите два натпревари. Групата е тешка, една победа веројатно води понатаму, меѓутоа нема да биде лесно против силните и квалитетни ривали.

Мундијалот кој се одржува во Полска и Шведска стартува на 11 јануари со пресметката меѓу Полјаците и Французите. Групната фаза се игра до 17, а главната фаза од 18. до 23. јануари. Големото финале е закажано за 29. јануари во Стокхолм.