недела, 19. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Ивица Обрван кандидат за селектор на Хрватска

Ивица Обрван кандидат за селектор на Хрватска

Горан Перковац, Славко Голужа и Владо Шола се дел од имињата кои јавно дадоа до знаење дека се подготвени да застанат на чело на ракометната репрезентација на Хрватска, а најновото име кое се става на овој список е и поранешниот македонски селектор Ивица Обрван.

,,Можеби не е коректно да се огласувам се додека актуелниот селектор е сѐ уште на функцијата. Но со оглед на тоа дека одредени кандидати започнаа да се појавуваат по медиумите, а тоа со Хорват е речиси завршена приказна, мислам дека имам право да кажам дека овој спорт е мојот живот, направив големи работи во него, и моите аргументи се можеби најсилни моментално. Гледам дека ме спомнуваат како потенцијален наследник. Мислам дека имам совршени референци, можеби и најдобри за она што го имам работено. Во врвот на својата тренерска кариера сум, и имам одреден континуитет на високо ниво”,изјави Обрван за хрватскиот портал ,,Данас”.