сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Ивица Обрван нов тренер на Подравка

Ивица Обрван нов тренер на Подравка

Поранешниот селектор на машката сениорска ракометна репрезентација на Македонија, Ивица Обрван, е еден од кандидатите за нов тренер на некогашниот европски шампион Подравка, пренесува хрватскиот портал „Спортске Новости“.

Моментално клубот од Копривница го предводи младиот тренер Антонио Прањиќ, кој во текот на месец март оваа година ја презеде тренерската палка од Жељко Бабиќ.

Во својата тренерска кариера Обрван ги предводеше  Шамбери, Медвешчак, Горење Велење и Метковиќ.