Поранешниот селектор на машката сениорска ракометна репрезентација на Македонија, Ивица Обрван, е еден од кандидатите за нов тренер на некогашниот европски шампион Подравка, пренесува хрватскиот портал „Спортске Новости“.
Моментално клубот од Копривница го предводи младиот тренер Антонио Прањиќ, кој во текот на месец март оваа година ја презеде тренерската палка од Жељко Бабиќ.
Во својата тренерска кариера Обрван ги предводеше Шамбери, Медвешчак, Горење Велење и Метковиќ.