Селекторот на машката сениорска репрезентација на Данска, Николај Јакобсен денес го објави поширокиот список на играчи пред настапот на Мундијалот во Полска и Шведска.
Јакобсен од 35 играчи ќе треба да ги селектира најдобрите за Светското првенство, на кое неговата репрезентација ќе ја брани освоената титула од претходниот Мундијал, кој беше одржан во Египет.
Меѓу повиканите ракометари се наоѓа и големата надеж на данскиот ракомет, членот на Архус, Томас Арнолдсен.
Голмани: Емил Нилсен, Јаник Грин, Кевин Мелер, Никлас Ландин, Симон Гаде
Леви бекови: Арон Менсинг, Хенрик Молгард, Јакоб Холм, Ласе Андерсон, Михаел Дамгард, Ласе Мелер, Микел Хансен
Леви крила: Бјарке Кристиансен, Каспер Мортенсон, Емил Јакобсен, Магнус Ландин
Десни бекови: Јакоб Ласен, Матијас Гидсел, Никлас Киркелоке, Мадс Хоксер
Десни крила: Ханс Линберг, Јохан Хансен, Оскар Винд, Патрик Визмах
Средни бекови: Мадс Ларсен, Расмус Лауге, Симон Питлик, Томас Арнолдсен
Пивотмени: Александар Лингард, Хенрик Тофт Хансен, Лукас Јоргенсен, Магнус Јенсен, Рене Тофт Хансен, Симон Халд, Емил Бергхолд
Данска на Светското првенство во групната фаза ќе игра со репрезентациите на Белгија, Бахреин и Тунис.