Пресреќен по успехот со Еурофарм Пелистер беше тренерот Александар Јовиќ. Човекот кој претходен пат кога клубот беше шампион беше играч, сега како предводник од клупата дојде до успехот.
„18 години чекавме на овој прекрасен ден, да го вратиме шампионскиот пехар каде што му е местото. Мислам дека ова е заслуга на целиот тим, стручниот штаб и управата. Самата клупска визија беше најдобра годинава. Во разговори со управата ќе се направи сè за да бидеме конкурентни во Лигата на шампионите. Сакаме добро да се претставиме меѓу 16. најдобри во Европа. Сметам дека сега е моментот да удриме добри темели и да го стабилизираме клубот, за уште долго да бидеме шампиони на Македонија“, изјави Јовиќ.
Пелистерци следната сезона ќе играат во Лигата на шампионите, а Јовиќ ги најави високите амбиции на управата да се направи стабилен проект.