Тренерот на Еурофарм Пелистер Александар Јовиќ верува дека екипата од Битола е на добар пат. Воедно по завршувањето на натпреварот во Париз му посака на неговиот колега од спротивната страна, нашиот поранешен селектор Раул Гонзалез, сезонава да ја освои ЛШ со ПСЖ.
– Сакам да им честитам на моите ракометари за настапот и секако на тимот на ПСЖ за победата. Не беше лесно да се игра во Париз, но мислам дека одигравме како екипа против моќен состав. Верувам дека сме на добар пат. Раул Гонзалез е голем пријател на македонскиот ракомет и сакам да му посакам баш оваа сезона да ја освои Лигата на шампионите со ПСЖ – рече Јовиќ.
Во следното петто коло нашиот претставник на 19 октомври ќе му гостува на хрватскиот ППД Загреб.