сабота, 25. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Кадетите ќе играат два меча со Романија, Стојановиќ повика 22 ракометари

Кадетите ќе играат два меча со Романија, Стојановиќ повика 22 ракометари

Кадетската ракометна репрезентација на Македонија ќе одигра два натпревари со Романија во рамките на ЕХФ неделата.

Натпреварите се закажани за 11 и 12 март од 18:00 и 12:00 часот во спортската сала Автокоманда.

Селекторот Раде Стојановиќ се реши да повика 22 ракометари. Најголемиот дел од играчите се од домашното првенство, поточно имаме само двајца „странци“ во имињата на Давид Брестовац и Мирче Калајџиоски.