среда, 13. декември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Кадетите на силен турнир во Германија

Кадетите на силен турнир во Германија

Кадетската ракометна репрезентација на крајот од годинава ќе биде дел од силен турнир во Германија, каде нашите ракометни надежи ќе имаат можност да ги одмерат силите со квалитетни ривали.

Ова ќе биде одлично заокружување на годината на генерацијата предводена од Раде Стојановиќ, селекција што го освои првото место на ЕХФ-шампионатот во Рига со што обезбеди влез во елитното друштво.

Македонија ќе биде дел од групата Б на овој турнир и за ривали ќе ги има селекциите на Германија, Холандија и на Австрија. Во првото коло на 27 декември нашите кадети ќе се сретнат со Австрија, а еден ден подоцна ќе играат две средби, против Холандија и Германија.