понеделник, 6. ноември 2023. Вести денес: 0
home Ракомет

Какви се ракометните правила: Поради ова Германија доби пенал

Какви се ракометните правила: Поради ова Германија доби пенал

Новите ракометни правила зачинети со видеотехнологијата им ја одзедоа на Словенците победата над европскиот шампион. Што се случи по последниот свиреж на судиите?

По изедначувањето на Германија, од брз контранапад Словенија во последните секунди даде гол за водство од 25:24. Германците се обидоа да вратат од брз центар, но не успеаја, Словенците почнаа да слават по истекот на времето и тука почна вистинската драма.

Германците се побунија, судиите одлучија да ја искористат видеотехнологијата и да донесат конечен суд. По неколку минути се вратија на теренот, му дадоа црвен картон на Благотиншек и покажаа пенал за Германија, која успешно го реализираше за 25:25.

Благотиншек им попречил на Германците при брзиот центар, а според новите правила, ако тоа се случи во последните 30 секунди на кој било дел од теренот, противникот добива пенал, а играчот што го направил прекршокот директен црвен картон, пишува порталот МКД.мк.