недела, 3. март 2024. Вести денес: 0
home Ракомет

Калифа Гедбан потпиша за Еурофарм Пелистер

Калифа Гедбан потпиша за Еурофарм Пелистер

Актуелниот македонски ракометен шампион екипата на Еурофарм Пелистер, продолжува со засилувањето на ростерот во пресрет на настапот во Лигата на шампионите (ЛШ), откако денеска беше официјализиран ангажманот на алжирскиот репрезентативец, Калифа Гедбан.

Станува збор за 26-годишен голман, кој е освојувач на трофејот во ЛШ и тоа со Вардар, за кој настапуваше две сезони.

Тој во Битола доаѓа како слободен ракометар, откако последната сезона ја мина во првакот на Романија, Динамо Букурешт. Гедбан потпиша договор на една сезона, со опција за уште една, а ќе им се приклучи на Урбан Лесјак и Марко Кизиќ на голманската позиција во зелено-белиот табор.